Dark Mode Light Mode

Бизнис агентка од Струмица присвоила телефони вредни 600.000 денари

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови.

Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Previous Post

Каква порака праќа Филипче со инсистирањето Маричиќ да биде претседател на ДИК?

Next Post
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Енергетска обнова на јавните објекти: Од „енергетски трошачи“ до самоодржливи системи