Темен режим Режим на светлина

Министерството за правда на САД со нова масовна објава документи за Епстајн

Негативен тренд во САД: Transparency International алармира за раст на корупцијата Негативен тренд во САД: Transparency International алармира за раст на корупцијата

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави објави обемен сет документи поврзани со случајот на Џефри Епстајн, продолжувајќи го процесот на јавно обелоденување материјали од долгогодишните федерални истраги.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за најголема објава досега, која вклучува истражни досиеја, службени белешки и различни архивски записи. Дел од документите се објавени во целост, додека други се делумно цензурирани, поради законски ограничувања и заштита на приватноста.

Од Министерството за правда наведуваат дека ваквата објава е дел од напорите за зголемување на транспарентноста и овозможување јавен увид во случајот кој со години е во фокусот на американската јавност и предизвикува силни политички реакции.

Оваа нова транша следува по претходни објави во изминатиот период, а засега нема индикации дека документите автоматски ќе резултираат со нови обвиненија. Сепак, случајот повторно ги актуелизира прашањата за институционалната одговорност и за контактите на Епстајн со моќни фигури од светот на политиката и бизнисот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Замина еден од значајните македонски книжевни автори - Тихомир Јанчовски

Следна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Временска прогноза: Дожд денеска, утре премин во снег