Темен режим Режим на светлина

Четириесетина лица во Полска зимава досега починале од смрзнување, двојно повеќе од минатата година

Најмалку 38 лица починале од хипотермија во Полска оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година, објави заменик министерот за внатрешни работи, Веслав Шчепањски.

Се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од смрзнување би можел да се искачи на 40. Тој исто така истакна дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид.

Ширум земјата се поставени специјални шатори со греење кои ќе работат 24 часа дневно за да им пружат засолниште на бездомниците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Блокада на јавниот превоз во Германија, транспортните работници во предупредувачки штрајк

Следна објава

Сомнежи за фалсификат на изборите, 34 претседатели на избирачки места во Kосово завршија во притвор