Театрите од Битола и од Прилеп во февруари ќе се претстават пред скопјани.
Најпрво на 20 февруари, Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ работена по антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар.
Наредната вечер со претставата „Црнила“, во режија на Дејан Пројковски исто така во МНТ ќе гостува Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





