Темен режим Режим на светлина

Пратеникот Петрушевски објави видео од денешната нова заплена на марихуана: Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија!

Пратеникот Петрушевски по денешната нова заплена на марихуана вели: Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија! Пратеникот Петрушевски по денешната нова заплена на марихуана вели: Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија!

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилената борба против нелегалната трговија и производство на марихуана. Во голема полициска акција спроведена утрово, од фирмата ЦБД Медплант биле запленети вкупно дваесет и една тон марихуана.

Првичните информации покажуваат дека станува збор за количини произведувани под сомнение за злоупотреба на дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Акцијата отвора прашања за тоа како биле користени дозволите, како и за евентуално постоење на организирани мрежи и политичка заштита.

Во наредниот период се очекуваат дополнителни информации и можни приведувања, а институциите најавуваат целосно расчистување на случајот.

По најновата акција за заплена на канабис, на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обзанин дека над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев.

„Фирмата „ЦБД Медплант“ во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДСМ и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана кон скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога!“, објасни Петрушевски.

Според него, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година.

„Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДСМ, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот.
По овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДСМ, Заев и Филипче, бараме ЈО да го истражи случајот, и бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај? Каква е улогата на Вице Заев во овој случај? Колкава сума од овој случај сакал да заработи Зоран Заев?“, праша Петрушевски.

На крај од прес конференцијата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека “Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Фудбалски натпревар во чест на жртвите го одложи „Маршот на ангелите“

Фудбалски натпревар во чест на жртвите го одложи „Маршот на ангелите“

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје