Полицијата од СВР Велес вчера и синоќа приведе три лица кои управувале возила без возачка дозвола, при што им биле одземени и автомобилите. Контролите биле спроведени на повеќе локации во градот и околината.
Синоќа околу 21:50 часот, на улицата „Петре Прличко“ во Велес, бил приведен 30-годишниот М.Г. од Скопје. Тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, а возилото одземено.
Претходно, во 12:05 часот на улицата „Димитар Влахов“, бил приведен и 54-годишниот С.К. од Велес, кој управувал автомобил „матиз“ со велешки регистарски ознаки без дозвола за управување. И во овој случај возилото било одземено.
Третиот случај бил регистриран во 19:40 часот на магистралниот пат Езеро „Младост“ – Велес, каде што полициски службеници го привеле 22-годишниот Д.Ѓ. од Велес, кој управувал возило „БМВ“ без возачка дозвола.
По целосно документирање на настаните, против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Велес.




