Темен режим Режим на светлина

Сообраќајна несреќа во Скопје: Судир меѓу автомобил и мопед, повреден 17-годишник

Сообраќајна несреќа во Скопје: Судир меѓу автомобил и мопед, повреден 17-годишник Сообраќајна несреќа во Скопје: Судир меѓу автомобил и мопед, повреден 17-годишник

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.Д., и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишно лице.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Следна објава
Сатурн во Овен и ретрограден Меркур: Период на одлуки и затворања

Сатурн во Овен и ретрограден Меркур: Период на одлуки и затворања