Мобилни телефони и други недозволени предмети биле пронајдени и одземени во Затворот Скопје во Шуто Оризари.
Во саботата било пријавено дека во една од просториите во казнено-поправната установа биле откриени предмети што не смеат да се поседуваат во затворски услови. По пријавата, полицијата излегла на терен и ги подигнала пронајдените предмети за понатамошна постапка.
За настанот бил известен и јавен обвинител, а истрагата е во тек. Засега не се соопштува како предметите завршиле во затворот, ниту кому му припаѓале.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



