Темен режим Режим на светлина

Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството

Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството

Многу луѓе се прашуваат колку често треба да имаат секс за да ја одржат својата врска долготрајна и исполнета. Експертите велат дека сексуалниот живот е тесно поврзан не само со задоволството во врската, туку и со општото чувство на среќа и благосостојба, пренесува „Дејли мејл“.

Професорката по човечка сексуалност Никол МекНиколс од Универзитетот во Вашингтон, која предава предметот „Разновидноста на човечката сексуалност“ и кој го следат повеќе од 4.000 студенти секоја година, истакнува дека истражувањата покажуваат јасна врска меѓу квалитетот на сексуалниот живот и задоволството во врската. Колку е поголемо сексуалното задоволство, толку е поголема веројатноста парот да ја доживува својата врска како успешна и да остане заедно подолго.

„Кога паровите водат белешки за тоа колку се задоволни од врската, од животот воопшто и од својот сексуален живот, се забележува јасен тренд – со порастот на сексуалното задоволство доаѓа и поголема радост и исполнетост во врската“, објасни МекНиколс во поткастот Modern Love на „New York Times“.

Сепак, таа нагласува дека тоа не значи дека сексот мора да биде многу чест. Според неа, доволно е паровите да имаат интимен однос еднаш неделно.

„Ако некои парови сакаат почесто да имаат секс, тоа е сосема во ред, но тоа не значи дека нивната врска автоматски ќе биде посилна. Кога ги анализираме придобивките од сексот за врската, тие не се зголемуваат значително по еднаш неделно“, додава МекНиколс.

Освен зачестеноста, важен е и квалитетот на сексот. Паровите со стабилни и среќни врски обично воведуваат нешто ново во својот сексуален живот околу еднаш месечно.

„Тоа не мора да значи купување костими или реквизити. Ако ви се допаѓа – одлично. Но, промените можат да бидат и многу суптилни, како на пример мала промена на позата, што може значително да го подобри доживувањето“, објаснува МекНиколс.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Престојувале во хотел и биле снимени без знаење – видеото завршило на порно сајт

Престојувале во хотел и биле снимени без знаење - видеото завршило на порно сајт

Следна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Пообилни врнежи во југоистокот од земјата