Темен режим Режим на светлина

Пообилни врнежи во југоистокот од земјата

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар, додека на планините ќе врне снег.

Поради продор на постуден воздух, врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во снег, а во одредени котлини ќе има и појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремен дожд и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството

Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството

Следна објава
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија