ЕВН Македонија најави планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје и околните населби во текот на денешниот ден.
Од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Пајак“ и на улицата „Наум Наумовски Борче“ (на потегот од „Костарика“ до Министерството за земјоделие) во општина Центар.
Од 08:30 до 14:30 часот прекин на електричната енергија ќе има на дел од улицата „Радишанска“ во општина Бутел.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „29 Ноември“ број 37 во Центар, додека од 09:00 до 14:00 часот прекин е најавен за дел од улицата „Урош Џудовиќ“ во општина Карпош.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги имаат предвид овие планирани прекини при организирањето на своите дневни активности.




