Темно Режим Светло Режим

Повеќе од 1,350 полицајци ангажирани за денешниот опозициски протест во Тирана

Повеќе од 1,350 полицајци ангажирани за денешниот опозициски протест во Тирана Повеќе од 1,350 полицајци ангажирани за денешниот опозициски протест во Тирана

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Сали Бериша вечерва ќе го одржи третиот национален протест пред Владата, на булеварот „Народни херои“ во Тирана.

Како што објави полицијата, за безбедноста ќе бидат ангажирани 1.350 полицајци, од сите сектори, што е за повеќе од 200 полицајци од последниот протест, а во приправност ќе биде и Националната гарда и специјалните полициски единици. Покрај објектот ќе бидат стационирани и цистерни со вода, возила на брзата помош и противпожарната единица.

Државната полиција уште еднаш јасно стави до знаење дека маскираните лица нема да бидат дозволени на протестот бидејќи тоа би ѝ отежнало на државната полиција да ги идентификува луѓето што предизвикуваат акти на насилство или судири.

Поради протестот, од синоќа повеќе улици на булеварот се целосно блокрани за соообраќај, а денеска по 15 часот и околните улици околу институциите од витално значење.

Во меѓувреме американската амбасада ги повика своите граѓани да избегнуваат движење околу местото на протестот, без потреба да не излегуваат во градот, поради можноста од ескалација на насилството.

Лидерот на ДП, Бериша, пред вечерашниот, трет национален протест, сподели слики од организираните собири на социјалните мрежи, апелирајќи до граѓаните да се приклучат на она што тој го нарече востание на победата, за иднината на Албанија во Европа.

– Сите во 17:00 часот, во Тирана, на мирното востание, востание на победата, востание на иднината, востание за Европа, објави Бериша.

Вториот протест, одржан на 24 минатиот месец, иако најавен како мирен, ескалираше со насилство, фрлање молотови коктели врз Владата, протехнички седства кон полицијата и судир со неа со цел насилно да влезат во владата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Манасиевски: Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Катица Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Манасиевски: Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Катица Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Следниот Пост
Општина Гази Баба ќе го субвенционира чистењето на оџаци во домаќинствата

Општина Гази Баба ќе го субвенционира чистењето на оџаци во домаќинствата