Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Две лица се сериозно повредени, а 25 се здобиле со полесни повреди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




