Темен режим Режим на светлина

Проданоски: Честит Рамазан Бајрам – мир и благосостојба за сите граѓани

Проданоски: Започнува уредувањето на последниот дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ Проданоски: Започнува уредувањето на последниот дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Во својата порака, Проданоски им посака мир, здравје, радост и благосостојба на сите верници, нагласувајќи дека празничните денови се време кога се истакнуваат вредностите на солидарноста, меѓусебната почит и заедништвото.

Тој порача дека токму овие вредности треба да бидат водилка за градење подобра иднина и посилна заедница, потенцирајќи дека само преку единство може да се постигне напредок и просперитет во општеството.

„Да ги негуваме заедничките вредности на хуманост, разбирање и почит, бидејќи само сплотени можеме да изградиме посилна, посреќна и понапредна заедница“, се наведува во честитката на Проданоски.

На крајот од пораката, градоначалникот им го честита празникот на сите граѓани со зборовите: „Честит Рамазан Бајрам.“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Коњановски: Честит Рамазан Бајрам - да се грижиме едни за други

Следна објава
НЛБ Банка со најсилен раст, Стопанска банка со најголем пад – 252 трансакции во неделата

НЛБ Банка со најсилен раст, Стопанска банка со најголем пад – 252 трансакции во неделата