Земјотрес вечерва бил почувствуван во југоисточните делови на Македонија, информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Потресот се случил во 20:08 часот, а според податоците, неговиот епицентар бил на територијата на Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје. Јачината на земјотресот изнесувала 5.0 степени според Рихтеровата скала.
Интензитетот на потресот во земјава бил оценет со III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слабо почувствуван од населението. Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Ова е втор земјотрес во текот на денот, по оној што претходно беше почувствуван во Скопје околу пладне.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



