Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски утрово информираше дека по повод големиот јубилеј, засадиле дрвца заедно со дечињата од градинката „11 Октомври“ во Бутел 1 под мотото „Садиме за иднината-70 дрвца за 70 години јубилеј”. Тој посочи дека акцијата ја започнале во сите клонови на градинката за, како што вели, радост на сите дечиња и идни генерации.
„Заштитата на животната средина е наш најголем приоритет и ние како локална самоуправа ќе продолжи со активности за создавање на чиста животна средина во сите населени места“, порача градоначалникот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





