Темен режим Режим на светлина

Гази Баба гради нова сообраќајница во Ќерамидница

Гази Баба гради нова сообраќајница во Ќерамидница Гази Баба гради нова сообраќајница во Ќерамидница

Активностите за изградба на новата пристапна улица во населбата Ќерамидница се одвиваат според планираната динамика, информираат од Општина Гази Баба.

Со изградбата на улицата ќе се овозможи побрз и директен пристап до станбениот комплекс Космос, што значително ќе го олесни секојдневното движење на жителите од овој дел на градот.

Од општината посочуваат дека станува збор за важен инфраструктурен проект кој има за цел подобрување на условите за живот, а воедно е реализиран по барање на граѓаните од Ќерамидница.

„Продолжуваме со силно темпо во реализацијата на инвестиции во патната инфраструктура, со јасна визија за модерно и поврзано урбано живеење. Секој нов проект значи поголема безбедност, подобра комуникација и поквалитетен живот за сите“, соопштија од локалната самоуправа.

Воедно, најавено е дека во наредниот период ќе започне и целосна реконструкција на улицата „519“, една од главните сообраќајници во Ќерамидница. Со овој зафат се очекува подобрување на протокот на сообраќај, зголемување на безбедноста и унапредување на изгледот на просторот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пожар во затворот „Идризово”, нема повредени

Пожар во затворот „Идризово”, нема повредени

Следна објава
Регионална конференција за интернационализација на високото образование во Скопје

Регионална конференција за интернационализација на високото образование во Скопје