Скопското јавно обвинителство информираше дека почнало истражна постапка против 21-годишникот, кој вечерта на 24 март во село Марино, усмрти пешат, управувајќи со автомобил, без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол. Возачот не ја приспособил брзината на движењекон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал. Обвинителството до судијата на претходна постапка поднело предлог за определување притвор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





