Темно Режим Светло Режим

Трамп повторно во говор го нападна НАТО: Отсекогаш сум велел дека тоа е тигар од хартија

Трамп повторно во говор го нападна НАТО: Отсекогаш сум велел дека тоа е тигар од хартија Трамп повторно во говор го нападна НАТО: Отсекогаш сум велел дека тоа е тигар од хартија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше НАТО, изразувајќи разочараност што Алијансата не им помогнала на САД во конфликтот со Иран.

„Отсекогаш сум велел дека НАТО е тигар од хартија“, изјави Трамп и додаде дека сојузот не би реагирал ниту во случај на поголем глобален конфликт.
„Ако се случи нешто големо, ви гарантирам дека нема да бидат таму“, рече Трамп, алудирајќи на можен светски судир.

Американскиот претседател оцени дека сојузниците направиле „голема грешка“ што не се вклучиле во операциите.
Тој конкретно ги спомена францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, нарекувајќи ги пријатели, но и критикувајќи ги затоа што сметаат дека војната со Иран не е нивна.

„Ниту Украина не е наша војна, но сепак им помогнавме“, порача Трамп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

Ордени или казни: Што треба да добијат докторите што работеле без прекин 31 ден, дури и во месеците што имаат по 30 дена?

Следниот Пост
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Носете чадор, можно е и денеска дождот да ве изненади