Темен режим Режим на светлина

Дводневен фестивал во ГТЦ: „Malomfesztivál“ ја носи војводинската сцена во Скопје

Дводневен фестивал во ГТЦ: „Malomfesztivál“ ја носи војводинската сцена во Скопје Дводневен фестивал во ГТЦ: „Malomfesztivál“ ја носи војводинската сцена во Скопје

Скопје викендов ќе биде дел од регионалната културна сцена, откако дел од програмата на фестивалот „Malomfesztivál“ од Војводина ќе се одржи на 17 и 18 април во Градски трговски центар, во пабот „Ѕе“.

Фестивалот, кој традиционално се организира во селото Ором, е препознатлив по спојот на музика, театар и еколошки иницијативи, а скопската публика ќе има можност да доживее дел од неговата алтернативна атмосфера.

Во рамки на настанот се очекува присуство на директорот на фестивалот Тамаш Хорват, како и членови на организацискиот тим, меѓу кои Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ.

Музичката програма носи изведувачи од регионот, меѓу кои српскиот бенд SKIER & YETI и македонскиот состав TAXI CONSILIUM. За диџеј сетовите ќе бидат задолжени Wocky, Svemirski Mjau и Deeman.

Организаторите најавуваат дека скопското издание ќе понуди автентично фестивалско искуство, со фокус на креативни содржини и развој на алтернативната културна сцена.

Настанот ќе биде отворен за посетители во текот на двата фестивалски дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028

Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028

Следна објава
Мода и традиција: Италијански очила од 40-тите до денес пред скопската публика

Мода и традиција: Италијански очила од 40-тите до денес пред скопската публика