Денеска, по неколку дена облаци, конечно ќе видиме пролетно сонце. Сепак, во Источна Македонија можно е и денес да заврне ситен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Од утре следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, aма максималната дневна температура ќе биде над 20 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





