Темен режим Режим на светлина

Партијата на Филипче го искара македонскиот премиер за изјавата во Виена, СДСМ не се согласува дека Бугарија е виновна за закочувањето на ЕУ интеграциите

Партијата на Филипче го искара македонскиот премиер за изјавата во Виена, СДСМ не се согласува дека Бугарија е виновна за закочувањето на ЕУ интеграциите Партијата на Филипче го искара македонскиот премиер за изјавата во Виена, СДСМ не се согласува дека Бугарија е виновна за закочувањето на ЕУ интеграциите

Премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, меѓу другото рече дека процесот на пристапување на земјата во Европска Унија се билатерализира и дека државата е жртва на булинг по принципот – ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, прифатете ги нашите услови.

Од опозициската СДСМ веднаш стигна реакција со обвинувања кон Мицкоски.
„Отиде во посета на Виена, главниот град на членка на Европската Унија, и ги навреди домаќините, ја направи Европа „силеџијка“ која врши „булинг“ врз Македонија. Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава“, напишаа од партијата на Филипче.

За СДСМ Мицкоски е човекот кој освен конфликти, злупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на дипломатскиот план, сега ја затвора вратата на ЕУ таму каде што оди.

„Процесот за ЕУ трае 21 година. Колку години од тоа време ги украдоа прво Груевски, а сега и Мицкоски? Колку години Македонија стагнира со оваа криминална група ВМРО?“, прашаа од опозициската партија.

Според соопштението од СДСМ, наместо да гради европска држава Мицкоски ја запоседнал правосудната власт, ги ограбувал ИПАРД фондовите, воведувал декрети за забрана на слобода на говор, ја уништувал слободата на медиумите, создавал меѓуетнички тензии, а граѓаните кои се за ЕУ ги нарекувал „медиокритети“ и „талог на општеството“.

„Сето ова го прави по директива од Москва, за да го запре патот на Македонија кон Европската Унија. Како може Црна Гора и Албанија да напредуваат, а ние да стоиме на место?“, констатираа од СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мицкоски на средба со австрискиот канцелар во Виена: Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции?

Мицкоски на средба со австрискиот канцелар: Зарем има втор пример во Еврола што приближно направил нешто како нас во името на евро интеграциите?

Следна објава
Да ја поздравиме пролетта, пристигнува денеска во 15 часот и 46 минути

Ќе не огрее денеска пролетно сонце, температурите до 18 степени