Темен режим Режим на светлина

Мицкоски на средба со австрискиот канцелар: Зарем има втор пример во Еврола што приближно направил нешто како нас во името на евро интеграциите?

Мицкоски на средба со австрискиот канцелар во Виена: Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Мицкоски на средба со австрискиот канцелар во Виена: Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции?

– Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече премиерот Христијан Мицкоски во Виена на заедничката прес конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот.

– Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални прашања кои повторно некој ќе ги отвори. И трето, што правиме со македонската заедница, која, за жал, во Бугарија не може да формира невладина организација, а камоли нешто повеќе и покрај тоа што Европскит суд за човекови права има донесено најмалку 14 пресуди со кои се бара од Бугарија да дозовли барем регистриање невладини организации, нагласи Мицкоски.

Владата, потенцира тој, има јасна позиција за иднината на земјата, а тоа е ЕУ, но тоа што фрустрира е, рече, билатерализацијата на пристапниот процес.

– Нашата позиција е јасна – дека иднината на земјата е во рамки на ЕУ и тука немаме никаква дилема. Но, што е тоа што ги фрустрира македонските граѓани и што ја прави македонската европска индина незивесна? Тоа е процесот на билатерализација на пристапните преговори за кој чувствуваме дека за нас е исклучително тежок и фрустрирачки. Ние овој процес го почнавме пред 26 години, кога го потпишавме договорот за ССА, пред 21 година официјално станавме кандидати, а од 2009-та го добивме првиот позитивен Извештај од ЕК за почеток на преговорите. За жал, поради билатералните прашања, овој процес за нас се претвори во приказна без крај. Попатно го променивне своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати го менувавме Уставот, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Втор пример нема. И повторно се бара сега од нас – промена на Уставот, истакна Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ново заминување на висок безбедносен челник на САД, првиот човек на морнарицата ја напушти функцијата

Ново заминување на висок безбедносен челник на САД, првиот човек на морнарицата ја напушти функцијата

Следна објава
Партијата на Филипче го искара македонскиот премиер за изјавата во Виена, СДСМ не се согласува дека Бугарија е виновна за закочувањето на ЕУ интеграциите

Партијата на Филипче го искара македонскиот премиер за изјавата во Виена, СДСМ не се согласува дека Бугарија е виновна за закочувањето на ЕУ интеграциите