Темен режим Режим на светлина

Ново заминување на висок безбедносен челник на САД, првиот човек на морнарицата ја напушти функцијата

Ново заминување на висок безбедносен челник на САД, првиот човек на морнарицата ја напушти функцијата Ново заминување на висок безбедносен челник на САД, првиот човек на морнарицата ја напушти функцијата

Првиот човек на американската морнарица Џон Филан ја напушти администрацијата на претседателот Доналд Трамп, соопшти Пентагон. Ова е најновото заминување на висок безбедносен функционер, откако претходно овој месец беше сменет началникот на Генералштабот на копнената војска, а во март оставка поднесе и шефот на антитероризмот.

„Му благодариме на секретарот Филан за неговата служба во Министерството за одбрана и американската морнарица. Му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера“, изјави портпаролот Шон Парнел.

Заменик-секретарот Хунг Као ќе ја преземе функцијата вршител на должност секретар на морнарицата.

Џон Филан е бизнисмен кој на функцијата дојде без претходно воено искуство.  Трамп го најави Филан за оваа позиција во ноември 2024 година, оценувајќи дека ќе биде силен лидер за американската морнарица и дека ќе ја спроведува неговата визија „Америка на прво место“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Алијансата ја засилува одбраната на Турција по ракетните закани од Иран

Шпанската крајна левица побара референдум за излегување од НАТО

Следна објава
Мицкоски на средба со австрискиот канцелар во Виена: Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции?

Мицкоски на средба со австрискиот канцелар: Зарем има втор пример во Еврола што приближно направил нешто како нас во името на евро интеграциите?