Темен режим Режим на светлина

Дали профитот на газдите се става пред човечкиот живот ?

Дали профитот на газдите се става пред човечкиот живот ? Дали профитот на газдите се става пред човечкиот живот ?

Во првите четири месеци од оваа година шестмина работници го загубиле животот при извршување на своите работни обврски. Минатата година таа бројка изнесувала 31, а во периодот од 2022 до 2024 година, за три години, загинале вкупно 54 работници. На денешниот Светски ден за безбедност и здравје при работа повторно се отвора прашањето – колку се навистина безбедни работниците во Македонија?

Одговорот, за жал, го даваат трагедиите што се повторуваат. Во петокот, на градилиште во Кисела Вода загина работник, а тројца беа повредени. Еден месец претходно, исто така во Кисела Вода, педесет и деветгодишен работник од кривопаланечко трагично го загуби животот откако падна од скеле додека извршувал работни задачи на градилиште. А неодамна, во индустриска зона во Петровец, животот го загуби и млад работник од Велес. Најголем дел од ваквите несреќи се случуваат токму во градежништвото, но и во индустријата и производствените погони, каде ризиците се најголеми.

Ова јасно покажува дека проблемот не е изолиран, туку системски. И покрај најавите за проекти, стратегии и унапредување на условите, реалноста на терен останува загрижувачка. Прашањето е дали инспекциите се доволно ефикасни, дали се почитуваат прописите и дали профитот на газдите се става пред човечкиот живот.

Без вистинска контрола и одговорност, секој ден постои опасност да се случи нова трагедија. А тоа значи дека кај нас безбедноста на работното место сè уште не е правило – туку прашање на среќа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мексико упаси водач на голем нарко картел, немири во две сојузни држави

Мексико упаси водач на голем нарко картел, немири во две сојузни држави

Следна објава
„30 години од атентатот врз Киро Глигоров“, утре научна конференција на Филозофскиот факултет

СДСМ настаните од 27 април ги поврзува со ВМРО-ДПМНЕ и со атентатот врз претседателот Глигоров и убиството на кралот Караѓорѓевиќ во Марсеј во 1934 година