Темен режим Режим на светлина

Тинејџер во животна опасност по напад во основно училиште во Скопје

„Богат“ полициски викенд билтен – серија инциденти низ Скопје „Богат“ полициски викенд билтен – серија инциденти низ Скопје

Петнаесетгодишен ученик е тешко повреден по напад со остар предмет во основно училиште во скопската општина Гази Баба, а полицијата приведе малолетник осомничен за нападот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 11 мај околу 14:50 часот, кога 15-годишник влегол во училиштето и со остар предмет нападнал свој врсник во училишната зграда.

Повредениот ученик бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале сериозни повреди и веднаш била извршена операција.

Директорот на Ургентниот центар, Игор Мерџаноски, изјави дека момчето било примено со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на главата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Татко рано утрово го пронашол починато своето петмесечно бебе

Татко рано утрово го пронашол починато своето петмесечно бебе

Следна објава
Починато петмесечно бебе донесено на детската клиника во Скопје

Починато петмесечно бебе донесено на детската клиника во Скопје