Темен режим Режим на светлина

Од приближно 200 докази за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино нe е утврден елемент за кривично гонење, соопшти Обвинителството

Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од приближно 200 собрани докази не утврдило ниту еден кој би можел да доведе до осудителна пресуда, согласно Законот за кривична постапка, доколку беше поднесено обвинение.

Ова денеска на брифинг со новинарите го соопшти обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја водеше истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во периодот од 2021 до 2023 година, во време на енергетската криза. Од Обвинителството информираа дека постапката е запрена.

Со ваквата одлука од натамошен кривичен прогон се опфатени 13 физички лица, меѓу кои бизнисмени и поранешни раководни лица во државни институции, како и осум вработени во АД ЕСМ. Како правно лице во постапката се водеше и компанијата „РКМ“.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека по едногодишна истражна постапка е донесена наредба за запирање на истрагата, бидејќи не е утврдено дека осомничените ги сториле делата што им се ставале на товар, ниту дека постои друго кривично дело кое се гони по службена должност.

На брифингот присуствуваа и шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, како и обвинителката Коларевиќ, која посочи дека за поднесување обвинение мора да постои доказна основа што би водела до осудителна пресуда.

Таа објасни дека, според Законот за кривична постапка, доказите мора да создаваат доволна основа за обвинение, додавајќи дека во конкретниот предмет ниту еден доказ поединечно не бил доволен за таков исход.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога

Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога

Следна објава
Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички

Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички