Темен режим Режим на светлина

Маџари испиша историја: Дебитантот е во финалето на плеј-офот

Маџари испиша историја: Дебитантот е во финалето на плеј-офот Маџари испиша историја: Дебитантот е во финалето на плеј-офот

Кошаркарите на Маџари испишаа историја и за првпат обезбедија пласман во финалето на плеј-офот во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва повторно го совладаа ТФТ, овојпат со 71:69, и со вкупни 2:0 во серијата се пласираа во битката за шампионската титула.

Тимот предводен од тренерот Миодраг Тодоровиќ продолжи со сензационалните настапи во својата дебитантска сезона во елитното друштво и пред домашната публика уште еднаш покажа зрелост и квалитет.

Маџари одлично го отвори натпреварот и по првата четвртина водеше со 29:24. ТФТ успеа да се врати во игра до крајот на полувремето и на пауза замина со минимална предност од 39:38.

Во второто полувреме се водеше голема борба, а по три четвртини резултатот беше израмнет – 55:55. Драмата кулминираше во последната минута, кога Маџари успеа да поведе со 71:69.

ТФТ имаше огромна шанса за продолжение на мечот, откако Ташовски на помалку од две секунди до крајот избори три слободни фрлања. Сепак, кошаркарот на гостите не реализираше ниту едно, по што следуваше големо славје на домашните играчи и навивачи.

Најефикасен кај Маџари беше Луис со 24 поени, додека Армстронг додаде 18. Кај ТФТ, Ташовски постигна 24 поени, а Гордон натпреварот го заврши со 13 поени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
МВР потврди: Екс министерот Николовски бил повикан во Единицата за економски криминал

МВР потврди: Екс министерот Николовски бил повикан во Единицата за економски криминал