Уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство откри истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, објави денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе.
Според него, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.
Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, осомничениот се идентификува со иницијали Т.Б., 25-годишен жител на село Малотино, Општина Старо Нагоричане.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




