Темен режим Режим на светлина

Жители на Центар денеска ќе останат без вода

Центарот на Скопје денес без вода Центарот на Скопје денес без вода

Дел од жителите на скопската Општина Центар денеска ќе останат без вода поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Дане Крапчев“.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, а по известување од ЈП „Водовод и канализација“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од улицата „Дане Крапчев“.

Прекинот започнал од 08:30 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да обезбедат потребни количини вода до нормализирање на водоснабдувањето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Променливо облачно време со засилен ветер низ Македонија

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

ЕВН најави прекини на струја во две скопски општини