Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, пред малку објави преку Фејсбук дека неговите резултати од тестот за корона вирус се негативни.
-Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите, ќе останам во домашна изолација.
На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени, објави Спасовски.