Во изминатово деноноќие значително е зголемен бројот на граѓаните кои се ставени во изолација поради корона вирусот. Ова се гледа од официјално соопштение на МВР во кое е наведено дека во изминатово деноноќие се изолирани вкупно 337 граѓани, а изјави за самоизолација потпишале 62 лица. Ова се совпадна со вчерашното значително зголемување на бројот на заболените од корона вирусот.
За потсетување, претходниот ден 186 лица беа ставени во изолација.
Инаку, во извештајот на МВР се наведува дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
-По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци, соопшти полицијата.