Се најави отворање на границите на Македонија. Ова како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик.
Според министерот, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.
-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаи кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, кажа Филипче.