Во петок „Опера и балет под ѕвездите“ пред МОБ

На 25 септември, со почеток во 21 часот, на платотот пред Националната опера и балет ќе се одржи „Опера и балет под ѕвездите“. Станува збор за оперски гала концерт у балетска претстава, по пауза од неколку месеци заради ситуацијата со вирусот.

Публиката ќе има чест да ги гледа солистите Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас, во придружба на Оркестарот при МОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Претходна вестНе се секирајте, во 2055 година можеби Брисел ќе ни ја исчисти депонијата кај Вардариште
Следна вестСо мотика, до сега, ќе се завршеше ископот на булеварот „Борис Трајковски“