Не се секирајте, во 2055 година можеби Брисел ќе ни ја исчисти депонијата кај Вардариште

После разно разни оправдувања и ветувања во празно за депонијата во која се гушат скопјани во Маџари и околината, вчера, првиот човек на градот, кажа едно ново оправдување: пари за да се исчисти немало, ама кога ќе сме почнеле преговори со ЕУ ќе сме можеле да побараме од Брисел.

Поразително и никако оптимистички. Градоначалникот Петре Шилегов изгледа свесно или не, ја призна вистина за слабото знаење како да се менаџираат парите. Но, граѓаните ја разбраа пораката, па му упатија неколку коментари на социјалните мрежи:

-Ако можете да најдете спонзори и тоа во стотици илјади евра за да пее Дино Мерлин за Нова Година, не можете една депонија да исчистите?! Нема ли совесни „донатори“ како тие за Мерлин што го сакаат Скопје чисто?

-Водно ви врие во ѓубриште, депонии не само оваа туку и други на секој чекор, Брисел може само клоца да ни даде, а не пари, а уште помалку да не прими!

-Од силните субвенции за електрични тротинети не можевте ли да прераспределите средства за депонијата, срамота е!

-Колку пари на кафиња и лешници потроши Град Скопје? Колку троши на вишок вработени?

-Јас ако не можам една депонија да исчистам, ќе си дадам оставка!

-Не се секирајте, можеби во 2055 Брисел ќе ни ја исчисти…

А додека скопјани се полнат со нервоза, депонијата кај Вардариште ја полни и скопски „Комуналец“. Шилегов одамна велеше дека „немала време Комунална хигиена да стигне и да го однесе отпадот до Дрисла, па привремено го оставала тука“. Тогаш и даде и ново име на депонијата, била „претоварна станица“. Потоа рече дека веќе се чисти, но на терен сликата беше друга, односно жителите во околината беа разочарани и гневни оти таа се повеќе растеше. Подоцна, самите граѓани, ги информираа и странските амбасади, а и народниот правобранител отвори случај за депонијата кај Варадариште. Само Град Скопје никако не се казни себе си.

Претходна вестОружје и муниција пронајдени во куќа во Скопје, приведено едно лице
Следна вестВо петок „Опера и балет под ѕвездите“ пред МОБ