Полицијата во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрекла вкупно 235 казни, меѓу кои 76 за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.
Изречени се и 22 мерки за возење без возачка дозвола 22, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции и 45 санкции за неносење заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот, предупреди МВР.