Не се плашат од полицијата, па многумина возат без возачка низ Скопје…

Само на територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои и 26 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.

Возењето без возачка дозвола е вообичаена работа за еден дел од скопјани. Дали ќе биде вообичаено полицијата да ги лови и казнува поупорно, се додека не се намали нивниот број, ќе видиме наскоро.

Инаку, Освен ова, изречени се и 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Се наведува во соопштението.

Претходна вестЕдвај го поправија топловодот на бул. „Борис Трајковски“, сега со месеци асфалтот ќе се чека…
Следна вестКоалициските партнери на СДСМ уште ли ја чекаат средбата по интервјуто на Заев?