Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ ќе се продаваат поскапо за половина, односно, за еден денар, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно на ова, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60 денари за еден литар а на Еуросупер БС-98 62 денари.
За по половина денар поскапуваат и цените на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и тие ќе се продавата по 53,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден/кг.