Ниту вчерашната голема бројка на починати како последица на ковид-19 ниту зголемениот број заразени со британската мутација не се индикација за заострување на мерките во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вчера имал средба со британската амбасадорка за искуствата и мерките што таму се преземаат, и објасни дека и понатаму се прават интензивни анализи на типот на вирусот кој е откриен.
Вчера, Министерството за здравство објави дека досега лабораторијата на МАНУ открила 45 заразени со британската мутација, најмногу во Охрид и Прилеп.