Ковид – статистика во Скопје: 26 лица со компликации примени во болница за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со нив, вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу се примени на Инфективната клиника – 11 пациенти, потоа на интерните клиники 9 и во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според вчерашниот извештај, 10 наши сограѓани ја изгубија битката со болеста во едно деноноќие, од кои најмладиот на 32 години.

Претходна вестТимот на СЗО: Малку веројатно е дека корона вирусот се проширил од лабораторија во Вухан
Следна вестПроф. Петрушевски: Ниту еден професор од ПМФ не е консултиран при изработката на образовната реформа