Владата најверојатно утре на редовна седница ќе го усвои петтиот пакет антикризни економски мерки за помош на стопанството и граѓаните во услови на пандемија.
-Петтиот пакет мерки го работевме и викендот, со министерот за финансии, потпретседателот за економски прашања, со другите економски ресори постојано во комуникација и координација, верувам дека утре Владата ќе носи одлука за нив ако се е подготвено на својата редовна седница, изјави денеска премиерот Заев.
Финалниот предлог викендот им беше претставен на претставниците на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во државава, а денеска се прават последните консултации.
Тој содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири групи: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.