Темен режим Режим на светлина

Мала облачност, максимална температура до 2 степени

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Во останати подрачја од Македонија времето ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

United group ги презема бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia

Следна објава

Објавени 18 наслови во тесната трка за „Роман на годината“ за 2020