Темен режим Режим на светлина

На центарскиот „пајак“ е му пречи студеното време – кренал 102 возила

Во текот на изминатава недела од 8 до 14 февруари на подрачјето на скопската општина Центар казнети се вкупно 198 непрописно паркирани возила, соопштија ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар. Тие го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во инфорамцијата.

Во соопштението се наведува дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Објавени 18 наслови во тесната трка за „Роман на годината“ за 2020

Следна објава

Додека Македонија го чека првиот вакциниран, во Србија 905.000 лица примиле вакцина