Темен режим Режим на светлина

Додека Македонија го чека првиот вакциниран, во Србија 905.000 лица примиле вакцина

Додека во Македонија чекаме првиот граѓанин да ја прими вакцината, во соседна Србија до сега се вакцинирани 905.340 лица против корона вирусот. Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Во светот, Србија е на седмото место по бројот на вакцинирани на милион жители, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин. Србија е убедливо прва во регионот според вакцинациите на милион жители.

Граѓаните на Србија имаат можност како ретко кој да одберат од неколку вакцини со која сакаат да бидат вакцинирани. Инаку, познато е, Србија ни даде вакцини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На центарскиот „пајак“ е му пречи студеното време - кренал 102 возила

Следна објава

Штитејќи се од Ковид-19 куртуливме од сезонскиот грип