Ковид – биланс: Седум починати во 24 часа, нови заразени речиси колку и оздравени

Во изминатите 24 часа, седум лица починаа како последица од ковид-19, од кои еден странец кој бил хоспитализиран во Скопје. Од 1.208 тестирања има 234 нови случаи на заразени, соопшти Министерството за здравство.

Починатите се од Скопје, Крушево, Тетово, Прилеп и Пробиштип, на возраст од 62 до 86 годишна возраст, сите во болнички услови.

Од новите 234 нови случаи на ковид-19 најмногу се од Скопје – 99, потоа од Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369, од кои 3.719 во Скопје.

Претходна вестПратениците неделава се враќаат на седница?
Следна вестПозитива на денот: Откриен рис надвор од Маврово, еколозите следат мажјак во „Јасен“