Марин ветува сообраќајна сигнализација во Горно Лисиче; Жителите: Аеродромци повеќе знаат за Бајден отколку за Златко градоначалникот

Македонските граѓани веќе се навикнаа на најави за датуми и проекти, а на дела да не видат многу малку од тоа. Веќе толку многу инспиративни станаа најавите на властите, што твитерџиите се натпреваруваат во креативност со сериозни вложувања на своите творечки способности за да одговорат.

Една од последните инспирации е најновата најава од Општина Аеродром која им порача дека „активно работела на реализација на барањата на жителите на Горно Лисиче за измени во сообраќајната сигнализација на улиците „Горно Лисиче“, „Лисец“, „Божин Николов“ и „Горноврановска“. Општина Аеродром, вели веднаш им излегла во пресрет на нивните барања и изготвила проектна техничка документација, која добила одобрение и од Град Скопје, но од Министерството за внатрешни работи имашло забелешки.

– Општина Аеродром постапи по забелешките на Министеарството за внатрешни работи, од кадешто се очекува позитивен одговор, бидејќи се прифатени сите сугестии. Штом го добиеме одговорот веднаш ќе пристапиме кон реализација на проектот, а жителите на Горно Лисиче во најскоро време ќе ја добијат бараната сигнализација, велат од локалната самоуправа.

Уште една најава што ќе остане архивирана, се разбира со слабо остварување на терен, велат скопјани:
-Кој го видел градоначалникот Златко Марин освен на билбордите пред локалните избори, и на неколку партиски реклами?! Никој! Е па како очекувате било што да сработи човек кој никогаш не се појавил пред жителите на својата општина да каже било што?
-Аеродромци повеќе знаат за Џо Бајден отколку за Златко Марин, наградното прашање е кој е потранспарентен?
-Поголема е веројатноста Анџелина Џоли да прошета по булевар „Јане Сандански“ отколку Златко Марин! – се само дел од креативните коментари на скопјани.

Што се однесува до сообраќајната сигнализација пак од општината велат дека „изминатите години интензивно работеле на подобрување на безбедноста во сообраќајот и секаде каде што имало можност врши интервенција на сигнализацијата, за што сведочеле и средствата за забавување на сообраќајот пред основните училишта“.

Претходна вестМинистерот Маричиќ уште во петокот слушнал „гласина“ дека Мијалков планира бегство
Следна вест„Мој термин“ вечерва, утре и задутре во МНТ