Пожарникарите чекале да се отклучи капијата на езерото Треска за да изгаснат пожар

Скопските пожарникари вчера попладне морале да чекаат да се отклуча капијата на рекреативниот центар „Треска“ за да го изгасант пожарот кој избувнал. Огнот зафатил ѓубриште, трева и суви гранки поради што биле повикана Противпожарна бригада. Но, кога стасале пред влезот во комплескот капијата била заклучана.

Командантот на противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски за меидумите изјави дека побарале полициски службеници да присуствуваат на местото на настанот кога требало да го скршат катанецот.

По некое време се појавил директорот на Комплексот кој ја отворил капијата, за пожарникарите конечно да влезат и да се справат со пожарот.

Претходна вестСо автоматска пушка изрешетани две млади лица во Топанско поле
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал, вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД