ВМРО-ДПМНЕ ги повлече сите амандмани на законот за државјанство – отворен патот за антикризните закони

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе ги повлечат сите амандмани на законот за државјанство што го предложија Алијанса и Алтернатива.

Целта е да се изгласа петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ја повика коалицијата Алтернатива/Алијансата за Албанците да ги повлечат амандманите од петтиот пакет на мерки, за да можат компаниите и граѓаните да ги добијат задоцнети средства како помош за справување со последиците од пандемијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта за неодговорно однесување и го повикаа парламентарното мнозинство веднаш да се одржат и да продолжат со работа матичните комисии каде се наоѓаат законите од петтиот пакет на мерки, а потоа во текот на денот или најдоцна утре да се одржат и пленарните седници на кои би се гласало по овие точки.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ следи откако вчера премиерто Заев по средбата со лидерите на Алијанса и Алтернатива, Села и Гаши, објави дека е постигнато решение за лицата кои се без државјанства, при што бројката која ја соопштија е околу 2.727, од кои 1.500 не се родени тука. Никој од нив не објави кое ќе биде решението.

Поради големиот број амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на законот за државјанство, Села и Гаши ги блокираа сите други закони, меѓу кои и овие за антикризните мерки.

Претходна вестБогдановиќ за висококатниците кај ГТЦ: Помогнете ни, преземете нешто
Следна вестПресуди за „Трезор“: За Мијалков уште 8 години затвор, за Грујевски 15, за Јакимовски уште 6