Утре се очекува испораката на 10.000 вакцин од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини

Десет илјади вакцини против корона вирусот од производителот „Фајзер“ се очекува утре да пристигнат во наша земја. По оваа, на 26 април се очекува нова испорака на исто толку вакцини. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-V“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера ја оцени како стабилна состојбата во болниците и рече дека нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Тој очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.

Претходна вестНов обид за две седници во парламентот, ќе се одржи ли барем една?
Следна вестСкопје вчера беше писта за брзо возење