За разрешувањето на Стојко Пауновски ќе оставам да пресече Владата. Има плејада опции на кои може да се темели и предлогот за разрешување, но и предлогот за останување на Пауновски. Но, повторувам дека законите во државата треба да се почитуваат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој претходно имал средба со вработени од Државниот пазарен инспекторат кои му ја предале петицијата на вработените во која се бара останување на Стојко Пауновски на досегашната директорска функција.„Случајот Пауновски“ избувна откако тој не ја спроведе владината одлука за ангажирање „рамковни“ работници под образложение дека немаат соодветно образование.
-Разговаравме, тие ги кажаа нивните аргументи и имаа многу пофални зборови за дуиректорот на ДПИ Стојко Пауновски. Тие ги презентираа аргументите што сметаат дека се важни зошто не треба да се разреши директориот Пауновски. Ние внимателно ги ислушавме нивните аргументи кои ги презентираа пред мене и пред вицепремиерот Љупчо Николовски. Ние тие аргументи што ни ги презентираа ги ислушавме и ќе ги презентираме на владината седница која ќе се одржи во 12 часот и пред другите владини министри, рече Заев.
Тој не беше конкретен во одговорот дали останува на ставот за разрешување или ретерира и рече дека ќе остави Владата да дебатира на оваа тема, а тој не сака да ја води оваа полемика на јавна сцена.
-Законите во државата треба да се почитуваат. Пред да го кажам на Владата мојот став за ова прашање, сакам да ги прточитам сите документи што ми ги оставија вработените од ДПИ. Од 10 дена, вие седум дена да се инаетите, а да не дојдете во Владата да разговарате, е недозволиво. И денеска на Влада што и да се случи – тој ќе остане мој добар соработник и соработката ќе продолжи. Во петокот разговаравме 15 минути, 20 минути, се разговараше и со други членови на СДСМ, рече Заев.